8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето Грци ја поддржуваат владата во преговорите со доверителите

Повеќето Грци ја поддржуваат владата во преговорите со доверителите

Greecenjhu78hy67

Повеќето Грци ја поддржуваат својата влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза во преговорите со доверителите ЕУ и ММФ, посакувајќи сепак договор кој ќе овозможи останување на земјата во еврозоната, се заклучува од анкетата објавена во неделата.

Истражувањето на јавното мнение го спровел институтот Public Issue за дневниот весник Avgi (Зора), близок на владејачката Сириза, и покажува дека 54 отсто од испитаниците одобруваат на кој начин владата ги води преговорите, и покрај тензиите со меѓународните кредитори во коишто Атина не смее да попушти, како што сметаат 59 од испитаниците. Дури 89 отсто се противат на намалувањето на пензиите, а 81 проценти се против колективното отпуштање на работниците.

Уште од август 2014 година Грција ја очекува уплатата од доверителите на траншата од 7,2 милијарди евра од вкупниот пакет помош од 240 милијарди евра, а е дел од вториот пакет помош кој истекува кон крајот на мај. Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд бараат спроведување на реформите во замена за помош, во прв ред реформа на пазарот на трудот.

Тие реформи се дијаметрално спротивни на предизборните ветувања на премиерот Алексис Ципрас. Тој во саботата повтори дека неговата влада нема да попушти пред „неразумните барања“ кои се во спротивност со „црвените линии“ поставени во кампањата“.

Доколку не се договори со доверителите, Грција нема да може да ги исполни преземените обврски, бидејќи меѓу 5-ти и 19-ти јуни ѝ доаѓа за наплата ратата од 1,5 милијарди евра од долгот кон ММФ. Неисполнувањето на обврската би можело да ја принуди Грција да излезе од еврозоната.

Според резултатите од споменатата анкета, 71 отсто од испитаниците ја поддржуваат заедничката европската валута, а 68 проценти мислат дека враќањето на драхмата само би ја влошило ситуацијата во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП