2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми присуствуваше на 20-та математичка олимпијата на Универзитетот на ЈИЕ

Адеми присуствуваше на 20-та математичка олимпијата на Универзитетот на ЈИЕ

ademi 22

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми,  во сабота, присуствуваше на јубилејната дваесетта математичка олимпијата во организација на Друштвото на математичари и информатичари „Паскал“ и списанието „Плус“, која се одржа во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Тетово.

„За математика може многу да се зборува. Таа се јавува секаде каде што постојат комплицирани проблеми со квантитет, структура, простор или промена. Најпрвин овие проблеми се јавувале во трговијата, мерење на земја и подоцна во астрономијата; денес, проблеми за математичарите се јавуваат кај сите науки, а многу проблеми исто така се јавуват и во самата математика“, истакна министерот Адеми.

Затоа, според Адеми, неопходно е математиката да биде задолжителен предмет во процесот на државната матура, затоа што тоа е материја малку видлива, но многу практична и ефективна во секојдневниот живот. Особено значајна за младите кои се определуваат за техничките струки.

„Во сите меѓународни пракси и истражувања јасно е покажано дека земјите кои силно се фокусирани на математиката во кој било сегмент  од образованието, имаат многу поквалитетни резултати“, додаде министерот Адеми.

„Драги ученици, сите Вие сте победници. Вашиот успех до финалето уверен сум дека не бил ни најмалку лесен. Моравте да ги минете сите фази на натпреварувањето, почнувајќи од училишните натревари, преку градските и регионалните за да се најдете денес тука во Големото Финале. Ве има од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Оваа прекрасна слика која ја гледам пред себе, ми дава силна верба дека секој еден од Вас, може да се натпреварува рамо до рамо со најдобрите ученици – математичари од целиот свет“, го поздрави Адеми учесниците на олимпијадата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП