8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ му одобри заем на Киев од 1,8 милијарди евра

ЕУ му одобри заем на Киев од 1,8 милијарди евра

evro-money-evra-evroto

Европската унија и одобри заем на Украина од 1,8 милијарди евра со цел подобрување на економската состојба.

Договорот е потпишан на Самиот на ЕУ во Рига во Летонија меѓу лидерите на ЕУ и шестте поранешни советски земји.

Целта на заемот е да и помогне на Украина да спроведе економски реформи, а еден од условите беше и заострувањето на мерките против корупцијата.

ЕУ најави 200 милиони евра во грантови на Укриана, како и пет други земји „Источното партнерство“ – Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија и Молдавија.

На самиот на Грузија и Украина не им е одобрен безвизен режим со ЕУ, иако тоа беше најавувано. Таквата одлука би можела да биде донесена во наредните години.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека сака Украина и Грузија да добијат безвизен режим, но само доколку ги исполнат клучните услови. Минатата година, беше одобрен безвизниот режим за Молдавија.

Во завршната декларација на Самитот во Рига беше критикувана и Русија поради припојувањето со Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП