9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите значително ги намалиле трошоците во април

Русите значително ги намалиле трошоците во април

moskva 2839

Руските потрошувачи драстично ги имаат намалено трошоците за минатиот месец, откако реалните плати се намалија, што укажува дека земјата е во криза или по воведувањето на санкциите од страна да САД и ЕУ.

Продажбата на мало е намалена за 9,8 отсто во април во споредба со истиот месец од 2014-та година. Падот во првиот квартал беше 6,7%, објави Федералната служба за статистика (Росстат).

Реалните приходи се намалиле за 4 отсто на годишна основа, додека реалните плати се намалиле за цели 13,2 отсто – најголем пад од август 1999-та година.

Економистите сметаат дека наглиот пад на платите минатиот месец се одразува со 10% намалувањето на платите во јавниот сектор, како и инфлацијата, која го достигна својот врв од 16,7 отсто во почетокот на април.

Слабите податоците доаѓаат еден ден откако Меѓународниот монетарен фонд објави „надуена“ прогнозата за Русија, велејќи дека очекува економијата на земјата да се врати на слаб раст од 0,2 отсто во 2015-та година, по контракција од 3,4 отсто во оваа година.

Економистите велат дека, сепак, последните статистички податоци ги демантираат тврдењата на владата дека најлошото за економијата е завршено.

„Нашата проценка е дека БДП може да се намали во април со околу 4 отсто на годишна основа“, коментира Лиза Ермоленко, економист во „Capital Economics“.

Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, голем број аналитичари во инвестициските банки исто така ги зголемија прогнозите за Русија во оваа недела, велејќи дека тие веќе очекуваат блага рецесија, откако „Росстат“ објави дека бруто домашниот производ се намалил за 1,9 отсто во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП