22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирани можностите за финансирање од Програмата на ЕУ

Презентирани можностите за финансирање од Програмата на ЕУ

hrizont2020

Можностите за финансирање на приватниот сектор преку Програмата на Европската унија „Хоризонт 2020“ беа презентирани во петокот во Кичево од страна на Стопанската комора на Македонија.

Презентацијата е во рамките на Проектот „Формирање бизнис-центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион“.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски, истакна дека со подетално запознавање на бизнис-заедницата со достапните можности за финансирање и учество на приватниот сектор со апликации и со реализација на проектни активности се очекува зголемување на инвестициите, што ќе овозможи креирање на нови работни места и задоволување на интересите на бизнис-заедницата.

Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска изјави дека главна цел на Проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во регионот, исто така со зголемување на пристапот до информации во носење на соодветни одлуки на локално и на регионално ниво.

Посеебен акцент на презентацијата беше ставен на МСП-инструментот, каде може да се аплицира во три фази, а кој е достапен и за микро компании на кои им се достапни финансиски средства во првата фаза во износ до 50, во втората фаза од 500 илјади до 2,5 милиони евра и во третата фаза консултантски услуги.

На настанот присуствуваа фирми од сите дејности кои се заинтересирани и веќе искажаа интерес за аплицирање за европските програми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП