Новиот предводник на „Audi“ меѓу кросоверите ќе ја има ознаката „Q8“, стана познато од официјалното соопштение на компанијата. Моделот ќе има силуета на купе и треба да излезе на пазарот во 2019-та година.
Во моментов информациите се ограничена, но техничкиот директор на „Audi“, Улрих Хакенберг откри дека моделот ќе застане на врвот во палетата од „Q“-модели и ќе биде еден од главните мотори за економскиот раст на брендот.
„Audi Q8“ ќе претставува повеќе од спортска алтернатива на практичниот „Q7“. Кросоверот ќе има силуета на купе, а дизајнот ќе биде инспириран од концептот „Prologue“.
Околу една година пред „Audi Q8“ да излезе на пазарот, компанијата треба да го пушти и целосно електричен кросовер. Се очекува тој да ја користи платформата на „Q7“ и да го добие името „Q6“. Шпекулациите покажуваат дека со едно полнење, овој модел ќе може да поминува околу 500 км.