7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна над 66 долари

Цената на нафтата стабилна над 66 долари

nafta 300

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи над 66 долари со оглед дека загриженоста за снабдувањето од Блискиот исток го пригуши влијанието од добитоносни продажби пред продолжениот викенд во САД и поголем дел на Европа.

На лондонската берза цената на барелот падна 25 центи во однос на претходното затворање, на 66,29 долари. Претходниот ден тргувањето го заклучи во плус 2,3 отсто. На американската берза со барелот се тргува по 27 центи пониска цена, од 60,45 долари.

Трговците тргнаа во добитоносни продажби во пресрет на продолжениот викенд во САД каде во понеделникот се одбележува Денот на сеќавање на американските војници. Понеделник ќе биде неработен ден и во многу европски држави, вклучително и Велика Британија, Германија и Франција поради верски празник.

„Никој не сака да има отворени позиции пред продолжениот викенд па се заклучуваат книгите што носи одредени консолидации“, рече Карстен Фрич од франкфуртска Commerzbank.

Влијанието на добитоносните продажби го придуши загриженоста од Блискиот исток со оглед на ексалацијата на судирите во Сирија и Ирак. Борците на Исламската држава го стегнаа во четвртокот обрачот околу историскиот сириски град Палмира и ги совладаа ирачките вооружени сили во борбите за градот Рамада. Ирак е втор по големина производител меѓу членките на OPEC.

„Вестите од Блискиот исток загрижуваат, иако веројатно нема да влијаат врз снабдувањето со нафта“, толкува Фрич.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел реферетна кошничка негова нафта во четвртокот изнесуваше 61,86 долари, што значи дека се зголемила за 95 центи во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП