10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC размислува за продажба на активите во Бразил

HSBC размислува за продажба на активите во Бразил

hsbc 25

„HSBC Holdings Plc“ размислува различни опции за развој на активностите во Бразил, вклучително и можната продажба на единицата, објави „MarketWatch“.

Во моментов британската банка не откриваат никакви детали на оваа тема. „HSBC“ сепак ја ангажираше „Goldman Sachs“ за проценка на интересот на локалните потенцијални купувачи на бразилската единица. Во листата на потенцијални заинтересирани спаѓаат „Banco Bradesco SA“ и „Banco Santander“, посочуваат запознаени со ситуацијата.

Претходно беше соопштено дека доверителот ја разгледува можноста за одвојување на бизнисот со банкарство на мало во Велика Британија во посебна независна компанија која ќе биде продадена, пишува „Sunday Times“.

„HSBC“ ја проучува и можноста за поместување на корпоративното седиште во Лондон надвор од Велика Британија, а причина за тоа се промените во даночните закони и целокупното затегнување на банкарското регулирање во земјата.

Извори од топ менаџментот на банката, кои посакуваат да останат анонимни, изјавија дека продажбата на британскиот бизнис на мало може да го забрза повлекувањето на „HSBC“ од земјата.

Претходно „Ројтерс“ објави дека раководителите на „HSBC“ и конкурентот „Standard Chartered“ размислуваат движење од Лондон кон Азија. Според информациите двата доверители продолжуваат да остваруваат длабоки анализи по ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП