8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на европските берзи пред говорите на гувернерите

Стагнација на европските берзи пред говорите на гувернерите

w-stock-market-cp-rtr26vdd

На европските берзи главните индекси стагнираат, додека инвеститорите ги чекаат новите насоки од обраќањето на гувернерите на најзначајните светски централни банки.

Паневропскиот FTSEurofirst 300 индексот околу пладне стагнираше и изнесува 1.618 поени. Истовремено лондонски Ftse е во плус 0,44 отсто на 7.044 поени, додека франкфуртски DAX е во минус 0,42 отсто, на 11.814 поени, а париски CAC на 5.131 поен.

Гувернерите на Европската централна банка ECB Марио Драги и британската (BoE) Марк Керни, заедно со останатите европски гувернери, ќе се обратат на форумот на ЕЦБ во Португалија.

Фокусот на инвеститорите ќе биде насочен и кон претседателката на Фед, Џенет Јелен, која треба да зборува за американските економски изгледи во комората за трговија на Провиденц.

„Денеска имаме многу говорници. Сепак, поголемо внимание веројатно ќе биде насочено на Јелен, особено ако даде било какви сигнали околу тајмингот за првото кревање на камати во САД. Општо, расположението и натаму е позитивно, но обемот на тргување е благо кажано умерен“, вели Маркус Хубер, аналитичар при Peregrine&Black.

Британската и американската берза во понеделник нема да работат поради празник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП