8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПерспективите на еврозоната најдобри од почетокот на кризата

Перспективите на еврозоната најдобри од почетокот на кризата

Dragi

Економските перспективи на земјите во еврозоната сега се најдобри од почетокот на кризата во 2008 година, иако закрепнувањето е кревко, оцени претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

Претседателот на Европската централна банка ги повика европските влади да ја искористат сегашната поволна ситуација за систематски да се фокусираат на структурните реформи кои ќе го зацврстат економското закрепнување, пренесува Бета.

„Економската перспектива на еврозоната денес е подобра од тоа што беше седум долги години, но цикличното закрепнување не ги решава сите проблеми на Европа“, без оглед дали се работи за долгот или стапката на невработеност кои сеуште се високи во некои земји, изјави Драги на форумот во Синтра во Португалија.

Претседателот на Европската централна банка укажа дека, иако закрепнувањето е видливо, економскиот раст ќе биде значително помал отколку пред кризата, поради што е важно, итно да се спроведат реформи.

Втора година по ред ЕЦБ ги собира лидерите на централните банки и економистите на разговори во Синтра, во близина на Лисабон.

Состанокот оваа година е посветен на инфлацијата и невработеноста во еврозоната. Стапката на невработеност во 19 земји членки на еврозоната изнесува 11,3 проценти, а 50 проценти за младите во Шпанија и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП