16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi Pajero сака да биде алтернатива на Land Rover Discovery

Mitsubishi Pajero сака да биде алтернатива на Land Rover Discovery

pajero 03003

Новиот „Mitsubishi Pajero“ ќе се појави во 2017-та година, пишува весникот „Autocar“ при што цитира високи извори од јапонската компанија.

Тие се категорични дека предводник на брендот ќе биде модерен теренец со хибриден погон, кој ќе се позиционира на пазарот како прифатлива алтернатива на „Land Rover Discovery“.

Стилски новиот „Pajero“ ќе се доближува до концептот „GC-PHEV“ (на сликата), кој дебитираше во есента 2013-та година на саемот во Токио. Прототипот чија кратенка беше преведен како хибриден „Gran Cruiser“ е придвижуван од 3,0-литарски „V6“ кој работи во комбинација со моќен електромотор, батерии со голем капацитет и 8-брзински автоматски менувач.

Истиот агрегат е предвиден и за новиот „Pajero“, истовремено со тоа ќе ги зачува квалитетите со кои теренецот го претворија во легенда. Во „Mitsubishi“ сметаат дека неговата достапна цена ќе може да ги привлече оние клиенти кои не можат да си го дозволат поскапиот модел на „Land Rover“.

„Нашите конкуренти можат да понудат убави и чисти модели, но „Pajero“ ќе остане исполнет теренец. Тој не е и нема да биде автомобил за почетници, туку за луѓе кои сакаат денес да влечат приколка, а утре да се пробуваат на „офроуд“. Свесни сме дека пазарот во овој сегмент е ограничен, но на него има место за уште една машина со железен карактер“, коментира шефот на „Mitsubishi Motors UK“, Ленс Бредли.

Сегашната, четвртата генерација на „Pajero“ се појави уште во 2006-та година, а во минатото лето претрпе уште еден редизајн. Теренецот се нуди со бензински и дизел „V6“ мотори со зафатнина од 3.0, 3.2 и 3.8 литри, со моќност меѓу 178 и 250 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП