20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Lidl и Kaufland стана најголемиот трговец во Европа

Сопственикот на Lidl и Kaufland стана најголемиот трговец во Европа

lidl kaufland

Германскиот концерн „Schwarz Gruppe“, кој е сопственик на продавниците со марките „Lidl“ и „Kaufland“, се претвори во најголемиот европски трговец, пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

Со приходи во износ од околу 80 милијарди евра за изминатата фискална година 2014/15, концернот со седиште во Некарсулм застанува на чело на трговците на мало во Европа, а оваа позиција ја превзема од францускиот трговски гигант „Carrefour“. Растојанието помеѓу двете компании веќе е 4 милијарди евра. Година порано приходите на германската компанија беа во износ од „само“ 74 милијарди евра.

Поголеми трговски компании има само во Америка, а по „Walmart“, „Costco“ и „The Kroger Co.“, германската компанија е четвртиот најголем трговец на светот, доста пред „Aldi“ и „Metro“. Во  „Lidl“ и „Kaufland“ денес се вработени околу 350.000 работници или за 15.000 повеќе отколку пред една година.

Минатата година компанијата вложи 3,5 милијарди евра во преструктуирањето на стари филијали, голем дел од нив во Германија. Други 1,5 милијарди евра биле инвестирани во експанзијата на компанијата. И за оваа година Концернот очекува инвестициите да се во ист обем.

„Lidl“ ја започна експанзијата во Европа во 90-тите години на минатиот век и брзо се претвори во една од најголемите синџири продавници за намирници, а истото се случува и со „Kaufland“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП