20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на вработување во еврозоната во пораст

Стапката на вработување во еврозоната во пораст

EU-FUNDS-1

Стапката на вработување во државите на еврозоната во мај порасна со најбрзо темпо во последните четири години, покажа истражувањето на компнијата за финансиски информации Markit, која заслугите за овој податок ги припиша на падот на вредноста на еврото.

Иако малку зајакна во однос на претходните седмици и сега едно евро вреди 1,12 американски долари, заедничката ервопска валута и натаму е многу под минатогодишното ниво кога едно евро вредеше 1,4 долари.

Падот на еврото има потенцијал да го поттикне извозот, бидејќи стоките и услугите од еврозоната стануваат поевтини на меѓународниот пазар. За да може да се носат со зголемената побарувачка, работодавачите имат потреба од дополнителен персонал.

Стапката на невработеност во еврозоната е помала од 11,3 отсто, односно 18,1 милион лица бараат работа.

Невработеноста во последните месеци опаѓа и поради јакнењето на економијата, особено во Шпанија, држава со една од највиските стапки на невработеност во последните години.

Markit наведува дека растот на бројот на вработените особено е забележителен во производниот сектор. Сепак се предупредува дека вработеноста на ова ниво би можела да достигне максимум, доколку не продолжи економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП