18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок на слабите економски податоци

Европските берзи под притисок на слабите економски податоци

evro-berzi-berza-evropa

Цените на акциите на европските берзи паднаа денес, бидејќи послабите од очекуваните макроекономски податоци од Германија и Франција предизвикаа стравување од натамошно забавување на растот на економијата на еврозоната.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.30 часот беше во минус 0,4 отсто, на 1.354 поени, откако вчера остана непроменет.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,60 отсто, на 6.655 поени, додека париски CAC падна 1,0 отсто, на 4.223 поени, а франкфуртски DAX 0,55 отсто, на 9.418 поени.

Берзите се под притисок на послабиот од очекуваниот PMI индекс на активности, што повторно предизвика стравување кај инвеститорите од забавување на растот на економијата на еврозоната.

Според извештајот на компанијата Markit, PMI индексот на активности во еврозоната во ноември се спушти на 51,4 поени, пониско од очекувањата на аналитичарите од анкетата на Reuters.

„Тоа е големо разочарување за Европската централна банка. И покрај сите поттикнувачки монетарни мерки, економијата на еврозоната горе-долу стагнира, а се зголемува можноста за надолен притисок“, вели Крис Вилиамсон, економист од Markit.

Разочарувањето е уште поголемо поради тоа што неодамнешните податоци за подобрување на расположението на инвеститорите во Германија поттикнаа надеж дека состојбата во најголемата европска економија се подобрува.

„Ова е разочарувачки, особено откако извшетајот на иститутот ZEW за расположение на инвеститорите беше значително подобро од очекуваното. Новите податоци не го поддржуваат расположението во еврозоната“, вели Алистер МекКриг, аналитичар во компанијата IG.

Лошото расположение е последица и на новите сигнали на забавување на растот на кинеската економија. Според извештајот на HSBC банката и компанијата Markit, индексот на производни активности се намалил од 50,4 на 50 поени, најниско ниво за шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП