ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Ирска под 10 проценти

Стапката на невработеност во Ирска под 10 проценти

irska2

Стапката на невработеност во Ирска се намали под 10 проценти, за прв пат за повеќе од шест години.

Процентот на луѓе кои немаат работа се намали на 9,9 проценти, соопшти денес ирската Централна канцеларија за статистика, додавајќи дека податоците се однесувааат за крајот на месец март.

Стапката на невработеност во Ирска бележи силен раст од почетокот на 2012 година, кога изнесуваше рекордни 15,1 проценти.

Бројот на вработени е зголемен за 12,500 или 0,6 проценти во првиот квартал оваа година во однос на три месеци пред тоа.

Според проекциите на Владата стапката на невработеност ќе се намали на 8,8 проценти во 2016 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП