17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks & Spencer го зголеми годишниот профит

Marks & Spencer го зголеми годишниот профит

TH_Marks-Spencer

Најголемиот британски дистрибутер на облека „Marks & Spencer“ во деловната 2014-2015 година оствари раст на профитот, прв пат по четири години, соопштувајќи дека на акционерите ќе им го подели целиот вишок готовина, што покажува дека компанијата конечно повторно ја пронашла добитната формула.

Во фискалната година завршена на крајот на март, оваа групација која освен облека продава и луксузни производи за опремување на домови, забележала бруто профит од 661,2 милиони фунти (924 милиони евра), што претставува раст од 6,1 проценти во однос на претходната фискална година, пренесува Ројтерс.

Истовремено, износот на профитот ја надмина просечната прогноза на аналитичарите (648 милион фунти).

Од компанијата истакнуваат дека му се враќаат на растот по долг период инвестирање во својата инфраструктура и човекови ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП