Раководството на „Hyundai“ ја разгледува можноста за развој на премиум теренец, во чија основа ќе биде платформата на седанот „Genesis“. Ова го соопшти главниот PR-менаџер на австралиската поделба на брендот Бил Томас, цитиран од „Motoring“.

Според зборовите на Томас слична идеја поддржува и извршниот директор на американската канцеларија на „Hyundai“ Дејв Зуковски, според кого брендот „Genesis“ треба да продолжи да се развива во различни насоки. Топ менаџерот е категоричен дека сличен автомобил има сериозен потенцијал за американскиот пазар.
Според информациите до моментов, теренецот „Genesis“ ќе биде со 7 места и со надолжно лоциран мотор. Тој ќе ја користи шасијата на седанот, а дизајнот ќе биде во стилот на концептниот модел „Intrado“ (на сликата), кој беше прикажан на саемот во Женева во 2014-та година.
Бил Томас додава дека цените на теренецот ќе стартуваат од 40.000 долари. Негови главни конкуренти ќе бидат „Audi Q7“, „BMW X5“ и „Mercedes-Benz GLE“.