Бројот на вработени во Словенија порасна прв пат по појавата на кризата во 2008 година, соопшти во средата Заводот за статистика во Љубљана.
Бројот на вработени и самовработени во 2014 година порасна за 1,1 проценти во однос на 2013 година, наведува Заводот, пренесува агенцијата СТА.
Во Словенија на крајот на минатата година имало 799,958 вработени, од кои 230,272 биле вработени во јавниот скетор, при што бројот на вработени во приватниот сектор пораснал за 1,4 проценти, а во јавниот за 0,3 проценти.
Бројот на вработени мажи пораснал за 1,7 проценти, а бројот на вработени жени за 0,3 проценти, додава Заводот.