2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит се спуштија од рекордните нивоа

Индексите на Волстрит се спуштија од рекордните нивоа

Wall Street Premarket

На Волстрит во средата се тргуваше внимателно, како и во претходните денови, при што Dow Jones и S&P 500 се спуштија од рекордните нивоа бидејќи немаше вести кои би можеле значително да ја раздвижат берзата.

Dow Jones ослабна 26 поени, или 0,15 отсто, на 18.285 поени, додека S&P 500 се спушти за 0,09 отсто, на 2.125 поени, а Nasdaq зајакна, пак, 0,03 осто, на 5.071 поен.

Повеќето челници на Фед сметаат дека би било прерано клучните каматни стапки да се зголемат уште во јуни и дека слабеењето на пазарот на труд и на растот на американската економија оневозможуват раст на инфлацијата. Сепак, со оглед дека тоа не е ништо ново, почетните добивки на берзанските индекси брзо спласнаа.

„Челниците на Фед не дадоа никакви знаци дека ќе сторат нешто за што берзата веќе не е подготвена, оттука влијанието на овој записник од финансиските пазари беше неутрален“, вели Марк Лушини, стратег во компанијата Janney Montgomery Scott.

До пред извесно време се очекуваше дека Фед уште во јуни ќе ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа по прв пат за осум години. Но, со оглед дека растот на економијата во првото тромесечје забави на само 0,2 отсто на годишно ниво, повеќето аналитичари не очекуваат заострување на монетарната политика пред септември. И тоа, само доколку растот на економијата забрза или осетно зајакне инфлацијата.

На вредноста вчера загубија пет од десет сектори на S&P 500 индексот, а меѓу најголемите губитници беше индустрискиот сектор, со пад од 0,4 отсто.

Позначително, за околу 0,8 отсто, паднаа и цените на акциите на Citigroup и JPMorgan, по вестите дека овие банки се меѓу шестте кои американските и британските регулатори ги казнија со 6 милијарди долари поради манипулации на валутните пазари.

На внимателност на инвеститорите укажува и скромниот обем на тргување, кој во оваа недела е под вообичаениот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП