17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry оствари подобри годишни резултати од очекуваните

Burberry оствари подобри годишни резултати од очекуваните

burberryhftgtgtgtgtgffgt

Британската луксузна модна куќа „Burberry“ во деловната 2014-2015 година го зголеми профитот за 7,0 проценти, што е повеќе од очекувањата, но ја задржа внимателноста во поглед на прогнозата за тековната фискална година поради неизвесностa на некои пазари.

Оваа групација, во фискалната година завршена на крајот на март, забележа бруто профит од 456 милиони фунти (633 милиони евра), додека аналитичарите просечно предвидуваа 445,6 милиони фунти профит, пренесува Ројтерс.

За фискалната 2015-2016 година „Burberry“ предвидува профит помал за околу 40 милиони фунти (56 милиони евра), поради неповолниот валутен ефект и како што се наведува во соопштението, растечките неизвесности на некои пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП