19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот Кинез за еден час остана без 15 милијарди долари!

Најбогатиот Кинез за еден час остана без 15 милијарди долари!

bo kinez

Ли Хеџун, сопственикот на компанијата „Hanergy“, вчера изгуби 15 милијарди долари, откако акциите на компанијата во која ја поседува нешто повеќе од 80 отсто капитал, доживеаа остар пад на берзата во Хонг Конг.

Имено, акциите забележаа пад од дури 47 проценти во рок од еден час, а притоа вредноста на компанијата беше намалена за цели 18 милијарди долари.

За време на падот на акциите во компанијата требаше да се одржи состанок меѓу акционерите, но Ли Хеџун не присуствуваше, поради тоа што бил во Пекинг. Од компанијата се уште немаат коментар.

„Hanergy“ веќе подолго време е во „окото“ на аналитичарите и берзанските регулатори поради ненадејното зголемување на нивните акции во претходната година. Акциите на оваа компанија, која се занимава со тенки и флексибилни соларни панели, за една година пораснаа за неверојатни 625 проценти и со тоа во март оваа година го направија Ли Хеџун во најбогатиот Кинез.

Во меѓувреме, акциите на „Hanergy“ се суспендирани и со нив неможе да се тргува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП