5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Не ја исклучувам можноста за банкрот на Грција

Шојбле: Не ја исклучувам можноста за банкрот на Грција

sojble-volfgang

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека не може категорично да го отфрли банкротот на Грција во време на преговори на оваа земја со меѓународните кредитори.

На прашањето на новинарите: Дали може да се потврди тврдењето од 2012 година дека Грција нема да банкротира?, Шојбле изјави: „Би морал добро да размислам пред да го кажам тоа во сегашната ситуација“, пренесува агенцијата Франс прес.

Владата на премиерот Алексис Ципрас веќе со месеци преговара со кредиторите кои бараат широки реформи на пазарот на труд и пензискиот систем во замена за исплата на последната транша од кредитот во вредност од 7,2 милијарди евра, која на Атина и е повеќе од потребна.

Шојбле „шампионот“ за тешки реформи и строги штедења, ја отфрли идејата за трет пакет помош за Грција пред да биде завршена тековната програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП