8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОргански базар, секој четврток, во Скопје сити мол

Органски базар, секој четврток, во Скопје сити мол

органски-базар

Скопје сити мол е домаќин на првиот и единствен Органски базар во Македонија, кој започнува со работа денес, а ќе трае во текот на целата година.

Првиот Органски базар е во организација на Скопје сити мол, со партнерство на Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и швајцарската Агенција за развој и соработка, поддржано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Отворањето на Органскиот базар е закажано за денес, со почеток од 11 часот, a свое обраќање ќе има амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефан Лаѕарото, Розанди Лоу, програмски директор на ИМЕ, Анастасија Ашкилова од Беорг, Дарко Панчевски претставник од Скопје сити мол, Валентина Колар Јовановска од Балкан био серт Скопје, како и дел од организаторите и партнерите на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП