19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг го претстави планот Made in China 2025

Пекинг го претстави планот Made in China 2025

made china

Државниот совет на Кина претстави 10-годишен план за надградба на производствениот капацитет на земјата со цел да ги стигне водечките земји производители, како Германија, и одбивање на конкуренцијата на други земји во развој, пренесува „MarketWatch“.

Министерството за индустрија и телекомуникациската технологија на Кина, кои го составија планот „Произведено во Кина 2025“, напишаа во мислењето дека стратегијата ќе и обезбеди на Кина иновации, „зелен“ развој и квалитет на стоки.

Ставен е фокус на 10 сектори од редовите на висококвалитетно производство на компјутеризирани машини и роботи, космичка опрема, автомобили напојувани со обновливи извори на енергија и биолошки лекови.

Заменик-директорот на Дирекцијата „Наука и технологија“ од Министерството за индустрија и телекомуникациските технологии, Ша Наншин, наведува дека индустријата на земјата се соочува со притисок на два фронта – конкуренција на други земји во развој, каде што трошоците за работна сила се пониски, и обновените обиди на развиените западни земји да ги подобрат предностите во индустриското производство.

Германија развива т.н. паметно производство што вградува информатичката технологија. Оваа т.н. четврта индустриска револуција ги поврзува машините преку мрежа, во која производните процеси и брзината се приспособуваат автоматски со цел минимизирање на проблемите и трошоците.

Надградба на производството веќе е итно за Кина, бидејќи нејзиниот статус на „фабрика на светот“ се поткопува од земјите во развој, и уште повеќе, кога сега „злобаната“ империја бара нови мотори за сопствениот раст.

Планот „Произведено во Кина 2025“ ќе го прифати концептот на четвртата индустриска револуција, а земјата ќе црпи идеи од држави од рангот на САД и Велика Британија.

Истовремено прелиминарните податоци на „HSBC“ за активноста во индустрискиот сектор на азиската земја, издаваат тековните слабости. Во мај „PMI“ индексот подготвен од банката, порасна минимално до 49,1 поени во однос на конечните 48,9 поени за април. Нивото останува под критичните 50 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП