8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американските залихи и јапонските податоци ја поттикнаа цената на нафтата

Падот на американските залихи и јапонските податоци ја поттикнаа цената на нафтата

nafta 220

Цената на барелот нафта се стабилизираше денес на светските берзи близу 65 долари, потикнати од неочекуванот пад на залихите во САД и охрабрувачките податоци за јапонскиот економски раст.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 79 центи во однос на претходното затворање, на 64,81 долар, а на американската берза со барелот се тргува по 58 центи пониска цена, од 58,57 долари.

Берзата денеска се стабилизираше по вчерашниот пад на цената за над три отсто под влијание на зголемениот курс на доларот и загриженоста поради прекумерното снабдување.

„Пазарот вчера беше под голем притисок и не е необично ден подоцна да сведочиме на корекција“, заклучува Ханс ван Клиф од холандски ABN Amro.

Поддршка на цената и пружи неочекуваниот пад на залихите на сирова нафта во САД во минатата недела за 5,2 милиони барели, според податоците на Американскиот институт за нафта API. Аналитичарите кои ги анкетираше Reuters прогнозираа пад за милион барели.

Мајкл Хјусон од CMC Markets констатира дека поголемиот од очекуваниот пад на залихите ја поттикнува цената на нафтата, бидејќи укажува на поголема побарувачка.
Цената на нафтата црпеше поддршка и од силните економски податоци од Азија.

Активностите во јапоската економија, трета по големина на светот, се зголемиле на годишно ниво за 2,4 отсто во првите три месеци од годината, над просечната пазарна прогноза на растот од 1,5 отсто, како и по ревидираната 1,1-отстота стапка на раст во периодот од октомври до декември.

„Јапонија спаѓа меѓу главните увозници на сирова нафта и растот на нејзината економија секако поволно ќе влијае врз побарувачката“, објави сингапурски Phillip Futures.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП