5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетири големи банки соочени со тешки казни поради манипулации

Четири големи банки соочени со тешки казни поради манипулации

dolare

Четири водечки банки на светот може да ги снајде казнена пријава во вкупен износ од над пет милијарди долари во рамки на спогодбата со американските и британските власти околу манипулациите на финансиските пазари.

Американските банки JPMorgan и Citigroup и британските Barclays и Royal Bank of Scotland (RBS) би требало да ја признаат вината по точките од обвинението кое го подигна американското министерство за правда со манипулациите на валутните пазари, се дознава од добро упатени извори.

Тоа ќе биде преседан за матичните банки, односно за главните ограноци на голем број на банки да ја признаат вината по точките на обвинување во координирана акција на британските и американските власти. JPMorgan и Citigroup би била први поголеми американски банки да признаат вина по некоја канена пријава во псоледните децении.

Одделно, швајцарската банка UBS претходно во средата веќе објави дека постигнала спогодна во истрагата покрената од американските власти поради наводна злоупотреба на валутните пазари, согласувајќи се да плати 545 милиони долари казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП