12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврдена прогнозата за економскиот раст на Франција од 1,2 проценти

Потврдена прогнозата за економскиот раст на Франција од 1,2 проценти

francefran3090jec9uevw

Меѓународниот монетарен фонд – ММФ ја потврди прогнозата за економскиот раст од 1,2 проценти за Франција во оваа година, со оценка дека е потребно намалување на јавната потрошувачка и спроведување на структурни реформи со цел да се одржи економската активност.

Владата во Париз за оваа година прогнозираше стапка на раст од еден процент, пренесува Ројтерс.

Во првиот квартал од оваа година Франција забележа раст на бруто домашниот производ – БДП од 0,6 проценти, што е значително повеќе од стапката на раст во соседните држави, вклучувајќи ја и Германија, каде е забележан раст од 0,3 проценти.

Франција својот јавен дефицит би можела да го намали на нешто под 3,0 проценти од БДП во 2017 година, но би морала да продолжи со контролата на трошоците, оценува ММФ.

ММФ повикува на амбициозни мерки со цел поголема флексибилност на пазарот, но и на ограничување на растот на основната заработка до нивото на инфлација, како и на зголемување на старосната граница за заминување во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП