12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ја покажа хибридната Impreza (фото)

Subaru ја покажа хибридната Impreza (фото)

xi impreza

„Subaru“ го најави појавувањето на хибридна верзија на хечбекот „Impreza“. Таа го носи името „Sport Hybrid“, а нарачки за неа веќе се прифаќаат, додека продажбата ќе стартува во текот на летото.

Официјално од јапонскиот производител не откриваат технички детали за возилото, но најверојатно тоа е опремено со истиот агрегат на кој се потпира кросоверот „XV Crosstrek“. Во него влегуваат 2,0-литарски бензински мотор со моќност од 150 КС, електромотор, вариаторна трансмисија и комплет литиум-јонски батерии кои се наоѓаат под багажникот. Вкупната моќност на агрегатот е околу 165 КС.

xi impreza1

Во опремата на „Sport Hybrid“ се вклучени истите опции на кои се потпира и „Impreza“ во топ верзијата „Sport“. Меѓу нив се големи црни бандажи и алуминиумски педали. Покрај тоа, машината ќе го добие и новиот систем за безбедност на „Subaru“ – „EyeSight“, како и нов систем со 6,2-инчен дисплеј.

Цените на „Impreza Sport Hybrid“ ќе станат јасни подоцна во овој месец.

xi impreza2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП