23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките лекари во 24-часовен штрајк

Грчките лекари во 24-часовен штрајк

grcki-lekari

Грчките лекари и медицински сестри во јавните болници и здравствените центри во средата стапија во 24-часовен штрајк во знак на протест против мерките за штедење. Денеска во градовите низ Грција започнаа протести, а во јавните болници се примаат само итните случаи.

Сојузот на лекарите во грчките болници (OENGE) соопшти дека државните болници се во состојба на „економска асфиксија“. Од буџетот Грција годишно издвојува 1,4 милијарди евра за државните болници, а лекарите бараат зголемување на две милијарди евра „за да се реши проблемот со недостиг од лекови и опрема“.

Грција годишно тропи 11 милијарди евра на системот на јавното здравство, што е околу 5 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП). Премиерот Алексис Ципрас изјави дека тоа е најнизок процент меѓу земјите членки на ЕУ и ОЕЦД.

Според сегашниот пакет за финансирање на Грција од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија (ЕУ), владата мора да го одржува издвојувањето за јавното здравство под 6 отсто од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП