17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција повеќе нема пари за ММФ

Грција повеќе нема пари за ММФ

mmf38

Грција нема да може да му ја плати ратата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која доспева на 5-ти јуни, доколку не постигне спогодба со меѓународните кредитори, изјави денеска претседателот на грчкиот парламент Никос Филис.

Атина во наредниот месец мора да отплати неколку транши на ММФ во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра и води преговори со ММФ и со ЕУ за продолжување на финансирањето пред да банкотира.

„Сега е момент кога преговорите доаѓаат во критична фаза, моментот на вистината е 5-ти јуни. Доколку до тогаш постигнеме договор, тие нема да ги добијат парите“, рече Филис.

Минатата недела Грција му ја плати ратата на ММФ од 750 милиони евра.

Преговорите со ЕУ и ММФ траат веќе со месеци. Доколку завршат успешно, на Грција би и донеле нов пакет помош веден 7,2 милијарди евра, но кредиторите за возврат бараат пензинска и реформа на пазарот на труд, што Атина засега одбива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП