22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИUBS казнета со 545 млн. долари поради манипулација со каматите

UBS казнета со 545 млн. долари поради манипулација со каматите

ubs svic

Швајцарскиот банкарски гигант UBS се спогоди со американските власти и се согласи да плати казна од 545 милиони долари поради местење на курсот и каманите стапки.

UBS во средата соопшти дека ќе се изјасни за виновна за измама во САД поради манипулирање со клучните каматни стапки и дека ќе плати казна од 203 милиони долари (182 милиони евра).

Банката, сепак, не избегна да биде кривично гонета поради манипулирање со девизните курсеви, добивајќи од американското министество за правда условен имунитет поради соработка со властите, пренесува Франс прес.

Сепак, UBS на американската централна банка ќе и плати казна од 342 милиони долари (307 милиони евра) и ќе го промени начинот на функционирање поради својот систем на девизни курсови, стои во сооштението.

Сооштението на UBS доаќа во момент кога уште четири големи банки, американските гиганти Morgan Chase и Citigroup, како и британските Barclays и Royal Bank of Scotland, очекуваат казна од неколку милијарди долари од американските и британските регулатори поради манипулации на девизните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП