18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалку од 40 % од работниците во светот имаат постојана работа

Помалку од 40 % од работниците во светот имаат постојана работа

16

Помалку од 40 проценти од работниците имаат постојано вработување – наведува Меѓународната организација за труд.

Бројот на вработените во светот на крајот од 2014 година достигна 201 милион, што е за 30 милиони повеќе отколку пред економската криза во 2008 година.

Со високата невработеност, видлива е и голема промена на работните односи.

Извештајот покажува напуштање на стандардниот облик на вработеност, во кој работниците имаат постојан работодавец и работат полно работно време.

Во развиените економии стандардниот облик на вработување има се помал удел, додека во државите кои економски се развиваат стандардните облици на вработување зајакнуваат.

На светско ниво, големиот број од вработените работат на привремени или повремени работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП