27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Македонија достапни бесплатни видео-разговори преку Facebook Messenger

Во Македонија достапни бесплатни видео-разговори преку Facebook Messenger

video razgovori fb

Бесплатните видео-разговори на „Facebook Messenger“ веќе се достапни и за Македонија.

Социјалната мрежа објави дека услугата се уште не е во целост усовршена, но е достапна во речиси сите земји.

Корисниците кои сакаат да користат видео-разговори, треба да направат „update“ на апликацијата „Messenger“. Услугата е достапна само за „Android“ и „iOS“ и е бесплатна.

Дејвид Маркус, кој е еден од инженерите одговорен за развој на „Messenger“, вели дека компанијата има уште работа за подобрување на квалитетот на видео-разговорите. Сепак корисниците веќе не треба да имаат поголеми проблеми при користењето на оваа услуга.

Една од целите на компанијата е да се направи така што брзината и квалитетот на врската да не влијае на квалитетот на видео повикот. Тоа се уште не е целосно постигнато, но сепак работата се уште не е завршена.

Услугата е дел од идејата на „Facebook“, Messenger да стане конкурент на „Skype“ и на различни апликации и услуги, кои го користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП