10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзува темпото на раст на Јапонија

Забрзува темпото на раст на Јапонија

BJ2868 Shibuya Crossing, Tokyo, Japan.

Јапонската економија во првиот квартал од годината оствари раст од 2,4 отсто на годишно ниво, што е најбрзо темпо во последната година.

Растот на третата по големина светска економија ги надмина проценките на анлитичарите, кои очекуваа раст од 1,5 отсто.

Ова претставува силно забрзување на растот во однос на последниот квартал до претходната година, кога економијата пораснала за ревидирани 1,1 отсто.

За споредба, во истиот период американскиот БДП порасна само 0,2 отсто, а оној на еврозоната 1 отсто.

Јапонската централна банка будно ги следи податоците за БДП-то, а и покрај забрзувањето на растот се очекува да ја задржи обемната порграма за монетарен поттик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП