2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDow Jones на ново рекордно ниво

Dow Jones на ново рекордно ниво

Wall-Street000

Индексот Dow Jones во вторникот на Волстрит се искачи на ново рекордно ниво, но тргувањето беше внимателно со оглед дека немаше вести кои значително би ги придвижиле инвеститорите во една или во друга насока.

Dow Jones зајакна 13 поени, или 0,07 отсто, на 18.312 поени, ново највисоко ниво во историјата, додека S&P 500 ослабна 0,06 отсто, на 2.127 поени, а Nasdaq се намали 0,17 отсто, на 5.070 поени.

Порастот на цените на акциите во последните денови пред се беше последица на слабите макроекономски показатели, поради што инвеститорите заклучија дека американската централна банка нема толку бавно да ги зголемува клучните каматни стапки.

Податоците од градежниот сектор објавени вчера за растот за дозволите и започнатите градби на куќи, пак, ги будат надежите дека економијата забрзува, по стагнацијата во првиот квартал.

S&P 500 индексот се движи 17,1 пати над идните заработки на компаниите, додека просекот во последните 10 години изнесуваше 14,7 пати, покажуваат податоците на Thomson Reuters.

„Ние не сметаме дека пазарот е преценет. Ја следиме готовината и инвестициите во билансите на компаниите, кои се на многу високи нивоа. Покрај тоа, компаниите ги откупуваат своите акции на берзите и ја зголемуваат дивидендата. Се еден збор, се повеќе работат за најдобра корист за акционерите“, вели Тим Гриски, директор во компанијата Solaris Group

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП