20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрво прскање против комарци во Скопје годинава

Прво прскање против комарци во Скопје годинава

prskan

Град Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе започне првиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2015 година  против комарци на подрачјето на град Скопје. 

Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на град Скопје, против комарци ќе се одвива на 22.05.2015 (петок) и на 23.05.2015 (сабота), во период од 05.30 до 08 часот.

Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (тересртична) во 2015 година, на подрачјето на град Скопје, против комарци ќе се одвива во деновите од 23.05.2015 до 27.05.2015 (од сабота до среда), во период од 23 до 04 часот, следниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП