
По четири месеци континуирано опаѓање на цените, еврозоната излезе од дефлација во месец април, со инфлација од нула проценти на годишно ниво.


По четири месеци континуирано опаѓање на цените, еврозоната излезе од дефлација во месец април, со инфлација од нула проценти на годишно ниво.
Сепак, дефлацијата во еврозоната и понатака е присутна, а најголема е во Грција (-1,8 проценти) и на Кипар (-1,7 проценти).
Највисоката инфлација е на Малта каде изнесува 1,4 проценти и во Австрија каде инфлацијата изнесува 0,9 проценти, пренесува агенцијата Бета.
Долгиот пад на цените, дефлацијата, донесува пад на потрошувачката бидејќи купувачите очекуваат понатамошни поевтинувања, а поради тоа се намалуваат и набавките, производството, платите, како и државните приходи.