13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпродаваните производи во светот

Најпродаваните производи во светот

naj produkti1

Секоја година компанијата „Kantar Worldpanel“ ја објавува својата листа на марки, која покажува кои се најпродаваните пакувани производи во светот.

Во истражувањето се анализирани 11.000 брендови во 35 држави. Тие се најдоа на базата според тоа колку домаќинствата во светот ги купуваат и колку често.

Погледнете кои се најкупуваните пакувани стоки во светот, според нив:

10. „Tide“ – сопственост на „P & G“.

Марката прашок за перење се продава под имињата „Alo“, „Vizir“ или „Ace“ во некои држави.

9. „Dove“ – сопственост на „Unilever“.

Производителот на козметичките производи се искачува со три места нагоре во однос на минатата година.

8. „Knorr“ – сопственост на „Unilever“.

Продаваат брашно, зачини, миксови за салати; забележаа пад од едно место во однос на минатата година.

7. „Lay’s“ – сопственост на „PepsiCo“.

Рекламната кампања на брендот „Do us a flavor“ во која корисниците беа поканети да дадат идеи за нови вкусови, се смета дека придонела за најдобри резултати во САД и Велика Британија.

6. „Pepsi“ – сопственост на „PepsiCo“.

Компанијата остана на шестото место.

5. „Nescafé“ – сопственост на „Nestlé“.

Оваа година падна од четврто на петто место.

4. „Lifebuoy“ – сопственост на „Unilever“.

Продава сапуни и има за цел да го зголеми користењето на производот во Азија, Африка и Јужна Америка, каде води кампањи за информации во однос на личната хигиена.

3. „Maggi“ – сопственост на „Nestlé“.

Нуди растворливи супи, чорби и зачини. Таа е број 1 меѓу храната.

2. „Colgate“ – сопственост на „Colgate Palmolive“.

Ова е единствениот бренд што се купува од над половина од домаќинствата во светот.

1. „Coca-Cola“ – сопственост на „Coca-Cola Company“.

Веќе трета година компанијата го држи првото место. Таа доминира во секторот, но доживува тешкотии да го задржи нивото на продажбата во развиените земји, како САД, каде што се повеќе луѓе се ориентираат кон здрави пијалоци.

А еве и кои се најдобро купуваните производи во различни земји:

naj produkti

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП