7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: Падот на цените на нафтата не може да се објасни со...

Лавров: Падот на цените на нафтата не може да се објасни со махинациите на САД

Lavrov-vstretitsya-s-uchastnikami-mezhsiriyskikh-peregovorov

Падот на цените на нафтата не може да се објасни со махинациите на САД и нивното дејствување заедно со Саудиска Арабија, но влијаат голем број фактори, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за Росискаја газета.

„Дали Американците специјално би вложиле милијарди долари во развој на добивањето гас од шкрилци со сите негови еколошки ризици само за тоа да нé нервираат“, се сомнева шефот на руската дипломатија и потсетува дека поради падот на цената на нафтата „повеќето наоѓалишта на природен гас од шкрилци во САД станаа нерентабилни“.

Лавров смета дека американската администрација тешко може да бара „трпение“ од тамошните приватни компании коишто се занимаваат со експлоатацијата на гасот од шкрилци.

„Малку забавениот раст на Кина, а за кинеската економија дури и еден процент е многу, веднаш влијаеше. Саудијците не сакаат да ги намалат ниту производството, ниту извозот, иако дури и тие имаат проблеми, тие проектираа дефицит во буџетот, со оглед на плановите кои се големи кај Саудиска Арабија“, смета Лавров.
Според него јасно е дека Саудијците не сакаат да го намалат производството, со цел да не го загубат својот удел на светските пазари.

„Не сметам дека станува збор за заговор. Иако, се разбира, на некои им оди во прилог што на некој начин во Русија тоа се одразува на ‘нафтената платформа’ (во буџетот – з.м.). Но јас не би ја поддржал теоријата за заговорот“, заклучува Лавров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП