12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина воведе мораториум на отплата на долговите на ‘бескрупулозните’ кредитори

Украина воведе мораториум на отплата на долговите на ‘бескрупулозните’ кредитори

ukrainski-parlament

Украинскиот парламент Врховната Рада го усвои во вторникот законот кој што овозможува мораториум на отплата на долговите кон странските кредитори „доколку се укаже потреба за одбрана од оние бескрупулозните“ меѓу нив.

„Кредиторите мoра да ни помогнат со долари, не само со зборови“, изјави пред гласањето во парламентот украинскиот премиер Арсениј Јанцејук. Законот потоа беше усвоен со 256 гласови „за“, 30 повеќе од минимално потребните. Парламентот, исто така, го поддржа предлогот на соодветната комисија споменатиот закон ќе важи до 1-ви јули 2016 година. Во законот е наведено дека доколку владата го воведе мораториумот, доверителите нема да можат да поведат судско побарување или санкции врз државната сооптсвеност.

Руските медиуми наведуваат дека на листата од украинските долгови на коишто Киев има намера да воведе мораториум е и реоткупот од Русија на украинските еврообврзниците во износ од 3 милијарди долари од крајот на 2013 година според договорот за помош на Украина, склучен со владата на подоцна соборениот претседател Виктор Јанукович.

Украинската влада се обидува да преговара со имателите на обврзници за реструктуирање на државните и долговите за кои како гарант се јавува држава, за да се пополни дупката во финансирањето од 15 милијарди долари. Минатата седмица преговорите замреа, бидејќи имателите на обврзниците се упорни во противењето да ја отпишат главнината од долгот, а владата во Киев возврати со тврдењето дека таквиот став искажува недостиг од „добра верба“, потсетува Reuters.

Русија одби да учествува во споменатите преговори и најави дека ќе се обрати до арбитражните судови доколку Киев навреме не ги враќа своите долгови.

„Без значителното учество на комерцијалните кредитори, Украина нема да може да ја стабилизира ситуацијата и да се врати кон економскиот раст во 2016 година. Доколку се случат бескрупулозните напади на кредиторите врз Украина, мораториумот ќе ги заштити државниот имот и државниот сектор“, објави владата во Киев.

Според сега изгласаниот предлог, можноста за мораториум не се однесува на долгот на банките во државна сопственост „Укресимбанка“ и „Ошадбанка“, ниту на долгот на Украинските железници кој исто така се реструктуира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП