18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина најголем американски кредитор

Кина најголем американски кредитор

chinavsus

Кина кон крајот на март оваа година стана најголем кредитор на САД, откако ги зголеми инвестициите во американските државни обврзници од 1,22 илјади милијарди долари на 1,26 илјади милијарди долари.

На пописот на американски кредитори Пекинг го престигна Токио.

Задолженоста на САД кон Јапонија се зголеми од 1,224 илјади милијарди долари на 1,226 илјади милијарди долари.

Меѓу десет најголемите сопственици на американскиот долг се и Ирска, Швајцарија, Велика Битанија, Хонг Конг, Луксембург и Тајван.

Меѓу кредиторите на САД се наоѓа и Русија која на крајот на март падна од 18-то на 19-то место, зад Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП