7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на доларот и стабилното снабдување ја спушти цената на нафтата под...

Курсот на доларот и стабилното снабдување ја спушти цената на нафтата под 66 долари

nafta 02

Цената на нафтата се спушти денеска на светските берзи под 66 долари поради јакнењето на доларот и засиленото снабдување од Блискиот исток и покрај вооружените судири во северен Ирак, Сирија и Јемен.

На лондонската берза цената на барелот падна 1,04 долари во однос на претходното затворање, на 65,23 долари. На американската берза со барелот се тргува по 40 центи, од 59,03 долари.

Доларот скокна на највиско ниво за последната недела кон кошничката валути, од најниското ниво за четири месеци, што ја пригуши побарувачката за нафта, чија цена е изразена во долари.

Во понеделникот цената на сировата нафта скокна поради стравувањата дека вооружените судири на Блискиот исток би можеле да предизвикаат нарушување во снабдувањето од регионот, но податоците покажуваат дека производството во Персискиот залив расте.

„Пазарот на нафта општо е презаситен поради високиот саудиски извоз, а OPEC веројатно нема да го намали своето производство. Доларот исто така ја притисна цената“, рече Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates.

Во март саудискиот извоз достигна највисоко ниво за речиси десет години, покажаа во понеделникот објавените официјални резултати, при рекордно ниво на прозиводство. Најголемиот производител OPEC во март испорачал 7,898 милиони барели дневно, во однос на 7,350 милони барели дневно во февруари.

Саудискиот минситер за нафта Али ал-Наими објави дека неговата држава во март дневно црпела 10,3 милиони барели сирова нафта во однос на претходниот рекорд од август 2013 година од 10,2 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП