10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлавните европски индекси близу рекодните нивоа

Главните европски индекси близу рекодните нивоа

berza frankfurt

Главните индекси на европските берзи во вторникот се доближија близу повеќегодишните рекордни нивоа, откако функционер на ЕЦБ изјави дека банка во наредните два месеца побрзо од планираното ќе ја реализира својата програма за откуп на имот, насочена кон поттикнување на економијата.

Околу пладне, германски DAX беше во плус 1,68 отсто, на 11.789 поени, париски CAC 1,72 отсто, на 5.098 поени, додека лоноднски Ftse се зголеми 0,29 отсто, на 6.989 поени.

Бено Коуре, член на извршниот одбор на ЕЦБ, рече дека европската централна банка ќе преземе поголеми откупи во мај и во јуни при послаба ликвидност на пазарот во јули и август. Додаде дека и неодамнешните продажби на еврообврзниците биле нормална корекција, но брзината на прилагдување е загрижувачка и укажува на „екстремна волатилност“ на пазарот.

Изјавите на Коуре го спуштија курсот на еврото, што дополнително го зајакна пазарот на акции. Курсот на еврото ослабна под 1,12 долари за прв пат во последната недела.

Во меѓувреме се чини дека Грција е близу договор со претставниците на ММФ и еврозоната за нови кредити во замена за реформи, кои би требало да и помогнат да ги отплати долговите во наредните месеци.

Грчкиот министер за труд Панос Скоурлетис во вторникот во Атина рече дека наскоро ќе биде заклучена спогодба со странски кредитори која би можела да резултира со нови заеми, кои би го ублажиле недостигот од пари во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП