5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре е последен ден за поднесување Годишна даночна пријава во УЈП

Утре е последен ден за поднесување Годишна даночна пријава во УЈП

ujp

Утре е последниот ден за граѓаните да ги пријават дополнителните приходи во Управата за јавни приходи. Од вкупно 200 илјади граѓани, колку што се очекува да поднесат Годишна даночна пријава до УЈП, 130 илјади веќе ја исполниле својата обврска.

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин кој, освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година.

Даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночни канцеларии од 08.30 до 16.30 часот и преку мобилните даночни шлатери. Контакт центарот на УЈП  лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје врши прием на пријави од 9 до 20 часот. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП