21 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАМултимедијален дијалог меѓу музиката и лириката во МКЦ

Мултимедијален дијалог меѓу музиката и лириката во МКЦ

minden 44

Денеска со почеток од 20 часот, во просториите (главен хол) на Младинскиот културен центар, Скопје, ќе се одржи мултимедијален настан, промоција на поетска збирка и CD „Минден Вернакулар”.

Идејата на „Минден Вернакулар” е комуницирање на внатрешниот свет преку истрошување на границите што постојат помеѓу медиумите. Признавајќи ја автентичната битност на секој поединечен медиум, а притоа осознавајќи ја дефинирачката улога на иститот врз содржината, ова дело оди во насока на мултидимензионално отклучување на значењето.

Овој мултимедијален обид започна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот. Тој дијалог во кој звукот зборува, зборот музицира, танцот слика, а илустрацијата перформира, е дискусија во која од хоризонтално рамниште секој автентичен свет го комуницира своето мислење за материјата рефлектирана во песната. Кон средбата на сите овие јазици се гледа како на помирување на разликите кои постојат помеѓу каналите за пренесување на мислата, при што преостанува уживање на идејата на конкретната лирска творба во се поврзаноста на присутните медиуми.

На страниците од книгата, идеите се претставени преку писмото на поезијата. Во прилог на оваа збирка се наоѓа CD со експерименталниот дијалог помеѓу музиката и лириката, во кој група песни ја доживуваат својата музичката инкарнација. Овој проект, именуван „Дипеив ми”, е отсликување на врската помеѓу двата горенаведени медиуми како дел од генералната замисла. Останатите дијалози се изведени во живо, на настанот по повод објавувањето на збирката, или се веќе на некаков начин дел од материјалната верзија на книгава, како на пример дизајнот, илустрацијата и фотографијата. Мултимедијалноста на настанот е овозможена од група на креативци со кои се сретнавме на крстопатот на медиумите, и изненадувачки ентузијастично дискутиравме за идеите, секој на својот јазик, заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП