4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТинејџер инженер измисли систем за подобрување на квалитетот на воздухот во авионите

Тинејџер инженер измисли систем за подобрување на квалитетот на воздухот во авионите

jojo

Рејмонд Ванг од Канада доби 75.000 долари како главна награда на Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел

Рејмонд Ванг, 17, од Канада ја доби првата награда за конструирање на нов систем за довод на воздух во авионските кабини како и намалување на преносителите на болести, на овогодинешниот Меѓународен саем за наука и инженерство на Интел, дел од Society for Science & the Public програма.

Системот на Ванг го подобрува дотокот на свеж воздух во кабината за повеќе од 190 проценти, додека намалувањето на концентрациите на патогени кои се вдишуваат е дури до 55 пати во споредба со конвенционалните дизајни, а може да биде лесно и економски исплатливо вградливо во постојните авиони. Ванг ја доби Гордон Е. Мур наградата вредна 75.000 долари именувана во чест на ко-основачот на Интел и колега научник.

Никол Тицеа, 16, од Канада е добитник на една од двете награди на Интел Фондацијата вредни 50.000 долари, за развивање на евтин и лесен за користење уред за борба против високата стапка на недијагностицирани ХИВ-позитивни лица во заедници со ниски приходи. Нејзиниот уред е за еднократна употреба, не користи конвенционален извор на енергија, обезбедува резултати за еден час и неговото производство чини помалку од 5 долари. Тицеа веќе има основано своја компанија, која неодамна доби грант од 100.000 долари за да продолжи да ја развива својата технологија.

Каран Џерат, 18, од Френдсвуд, Тексас ја доби другата награда за млад научник од Интел Фондацијата вредна 50.000 долари за рафинирање и тестирање на нов уред кој треба да овозможи подводните нафтени извори да се обновуваат побрзо и побезбедно после испумпувањето. Џерат разви систем кој ги одвојува природниот гас, нафтата и водата од океанот, се прилагодува на различни длабочини, големини на цефки и различни течности, може да превенира потенцијално затнување од метан хидрат.

„Интел верува дека младите луѓе се клучни за иновации во иднината и дека со цел да се соочиме со идните глобални предизвици, треба студентите од сите средини да ги вклучиме во наука, технологија, инженерство и математика,“ рече Венди Хокинс, извршен директор на Интел Фондацијата.

Оваа година на Меѓународниот саем на Интел за наука и инженерство беа вклучени околу 1700 млади научници избрани од 422 саеми во повеќе од 75 држави, региони и територии. Слично како и врвните победници, приближно 600 финалисти добија признанија и награди за нивната иновативна работа, секој доби по 5.000 долари. Интел Фондацијата исто така додели и грант вреден 1.000 долари за секое победничко школо или саем кој тие го претставуваат.

Листите кои следуваат се најдобрите 20 победници по категории, од кои најгорните три беа одбрани:

yuyu

Society for Science & the Public, е непрофитна организација составена од членови посветена на јавен ангажман во областа на науката и научното образование, го поседува и управува со натпреварот од своето основање во 1950 година како Национален саем за наука.

„Честитки за Рејмонд, Никол и Каран! Нивниот избор за победници навистина покажува каква извонредна работа тие постигнале во млада возраст на различми теми“, рече Маја Ајмера, претседател и извршен директор на Society for Science & the Public. “Со нетрпение очекуваме да ги видиме не само нив, туку и останатите финалисти од Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел како ќе напредуваат понатаму. Овие талентирани млади студенти знаат како се решаваат проблеми и се иноватори од нивната генерација.“

Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел е во служба на најдобрите студенти на наука, иноватори и инженери. Финалистите се одбираат годишно до стотици поврзани саеми. Нивните проекти се проценуваат на лице место од страна на околу 1000 судии од речиси секоја научна дисциплина, секој со докторат или шест години професионално искуство во една од научните дисциплини.

Целосна листа на финалисти е достапна во програмата на настанот. Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел е заеднички финансиран од страна на Интел и Интел Фондацијата со дополнителни награди и поддршка од десетици други корпорации, академски, владини и други организации фокусирани на наука. Оваа година беа доделени околу 4 милиони долари.

За да дознаете повеќе, посетете ја страната www.societyforscience.org и следете ја организацијата на Facebook и Twitter.

За најнови вести од Интел поврзани со образованието, посетете ја страната www.intel.com/newsroom/education и придружете се во конверзацијата на Facebook и Twitter.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП