7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија планира да инвестира 100 млрд. долари во азиската инфраструктура

Јапонија планира да инвестира 100 млрд. долари во азиската инфраструктура

jap-mon

Јапонија наскоро ќе објави план за инвестирање во патишта, мостови, железници и други градежни проекти во Азија во вредност од 100 милијарди долари, се наведува во извештајот објавен во вторник, откако претходно Кина најави основање на Азиска инфраструктурна инвестициска банка (AIIB).

Во најновиот пресврт во борбата за влијание на овој брзорастечки регион, премиерот Шинзо Абе оваа недела ќе претстави план за петгодишно јавно-приватно партнерство, објави јапонскиот весник JiJi Press. Износот од 100 милијади долари еднаков на очекуваниот капитал на AIIB, кој е втемелен од Кина и од други 50 држави членки.

Претходно јапонскиот министер за финансии, а време на конференција организирана од Азиската развојна банка (ADB), рече дека Јапонија изработува план за поттикнување на инвестициите во азиската инфраструктура.

Јапонија и САД се најголеми критичари на AIIB. Вашингтон се обиде да ги одврати сојузници од учество во AIIB, тврдејќи дека оваа банка нема да ги задоволува нормите поврзани со управување и заштита на околината кои ги применуваат други меѓунаордни тела, како на пример ADB.

Сепак, одредени аналитичари сметаат дека стравувањата од кинеското влијание е пренапумпано со оглед дека учеството од над 50 држави во членството на AIIB ќе ја разводни моќта на Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП