3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа повидок трговска војна меѓу Канада, Мексико и САД

На повидок трговска војна меѓу Канада, Мексико и САД

mex can usa

Канада и Мексико подготвуваат трговски санкции против САД, откако Светската трговска органиација (СТО) ја поддржа нивната жалба на американските закони со кои од продавачите на мало се бара на етикетите на месото да биде обележана државата во која стоката е родена, одгаена и заклана.

СТО наведува дека американските закони ја дискриминираат увезената стока, со што се зголемува притисокот на Конгресот на САД да го поништи законот, наведува Reuters.

Канадската иднустрија на говедско и свинско месо наведува дека одредени американски прописи ги зголемуваат трошоците и доведуваат до пад на канадскиот извоз на стока, поради што некои фармери се истиснати од пазарот и трпат загуби поголеми од милијарда долари годишно.

„Нашите влади ќе барат поддршка од СТО да преземе мерки против американскиот извоз“, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за трговија и земјоделство на Канада и Мексико. Канада објави листа на американски производи чиј увоз би можела да го ограничи, вклучително виното, чоколадата, кечапот и житариците.

Претседателот на Комитетот за земјоделство во Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот на САД, Мајкл Конавеј повика на итна акција.

„Поважно од било кога е да реагираме брзо за да избегнеме трговска војна со нашите два најголеми трговски партнери“, рече Конавеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП