25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканска фирма најави инвестиција во Гостивар

Американска фирма најави инвестиција во Гостивар

learrrrrr

Американската Lear Corporation во вторникот најави дека планира да отвори нова фабрика во Гостивар, во која би биле вработени 300 лица, објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на Твитер.

Фабриката во Гостивар се очекува да биде отворена во текот на летото во 2016 година. Се планира во новата фабрика првично да се вработат околу 300 луѓе, а понатаму се очекува фабриката да се проширува.

„Со продолжениот успех на Lear во вертикално интегрираните автомобилски системи за седење и компоненти со задоволство ќе ги отпочнеме операциите во Македонија и планираме да ја изградиме фабриката до средината на 2016-та. Ја цениме соработката со сите вклучени во процесот на отпочнување со работа на првата фабрика на Lear во Македонија, изјави Џенеан Ханли, потпретседател во компанијата.

Lear Corporation е најголемиот добавувач во светот со луксузна кожена автомобилска галантерија, како и со системи за електрика. Добавува делови до сите големи автомобилски производители во светот и нивните делови може да се најдат во повеќе од 300 модели на автомобили.

Компанијата во моментов има околу 132.000 вработени во 34 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП