Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата држава е „финансиски задавена“, при загриженоста дека Атина може би има само неколку недели до банкрот.
„Иако сме во таква финансиска ситуација, ние ги почитуваме нашите надворешни обврски и додаде дека „недостатокот на ликвидност не е ниту избор ниту одговорност на грчката влада. Се работи за остра преговарачка тактика на нашите партнери и не знам дали некој во Европа се чувствува поносен поради тоа“, рече Ципрас, пренесува АП.
Претставникот на грчката влада Габриел Сакеларидис изјави дека Грција, доколку сака да ги исполни сие обврски летово ќе и треба поголема финансиска помош. Тој очекува дека договорот со кредиторите би можел да биде постигнат до крајот на мај.
Ципрас вчера ги предупреди странските кредитори дека неговата држава не може да го отплати долгот кон МФ од 750 милиони евра, доколку веднаш не и биде обезбедена ликвидност.